Светска банка: Филипините се следното „азиско економско чудо“

Од:

Претседателот на Светската Банка, Џим Јонг Ким денеска изјави дека Филипините имаат реални можности во следните години да станат ново „економско чудо во Азија“.

Според Ким, сегашната филипинска Влада веќе е глобален модел  за справување со корупцијата, а кога тоа зло ќе се запре, филипинските природни богатства, географската положба и високиот степен на образование сами по себе носат драматичен економски пораст.

Претседателот на Светска Банка престојуваше во Манила како учесник на бизнис форум за развој на економијата во југоисточна Азија. По средбата со филипинскиот претседате Бенињо Акино, тој изјави дека владата на Филипините се справува со корупцијата подобро од која и да е земја во светот.

Акино на изборите од пред три години ги освои гласовите на Филипинците со програмата за елиминирање на корупцијата и сиромаштијата во неговата 100 милионска држава.

Поради корупција, на Филипините затворски казни веќе издржуваат тројца сенатори и поранешен претседател на државата. Голем е и бројот на високи државни службеници кои се осудени, или чекаат судење за корупција.

Синот на популарната Корасон Акино, првата филипинска претседателка по симнувањето на диктаторот Фердинанд Маркос, изјави дека не е задоволен од тоа како Филипините се справуваат со сиромаштијата, а најави дека таа, до средината на идната година, ќе може да се смета за минато на најголем број на жителите во државата.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати