Сваровски ќе отпушта работници поради пандемијата

Од:

Австриската компанија за луксузен накит Сваровски најави намалување на бројот на вработени ширум светот, јавуваат локалните медиуми.

Во седиштето на фирмата во австриското место Ватенс, бројот на вработени ќе се намали за 200, а во светот отпуштени ќе бидат 600 работници на Сваровски, соопшти компанијата. Како причина за овој чекор, Сваровски ја наведува пандемијата на коронавирусот, која тешко го погоди меѓународниот пазар на луксузни производи. Сваровски има над 27.000 вработени ширум светот.

Исто така, одлучено е да се работи со скратено работно време до крајот на септември, а тоа се однесува на сите вработени.

Како што е наведено во соопштението, во првата половина од оваа година има значително намалување на продажбата. Минатата година, „Сваровски“ оствари приход од 2,7 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски