Сушата во југоситочна Азија го загрозува производството на палмино масло

Од:

Сушата што годинава ги погоди повеќето земји на југоисточна Азија, се заканува драстично да го намали и производството на палминото масло, суровина која  во светот широко се користи во прехранбената индустрија, козметиката, индустријата и медицината.

Се работи за можно намалување на производството од 70 на помалку од 40 милиони тони на овој производ, од кој Индонезија остварува извоз од седум микијарди, а Малезија од четири милијарди долари годишно.

Палминото масло, кое вон Индонезија, Малезија и Тајланд се произведува само во Еквадор и Конго, е најдоходовен производ во секторот на индустријата за масло и е неговото производство е двојно поевтино од она на масло од соја и петпати поевтино од производството на масло од сончоглед.

По најавите за намалување на приходите од југоисточна Азија, за да се ублажат последиците од рапиден скок на цените на маслата на светскиот пазар, во САД се подготвува значајно зголемување на површините за производство на масло од соја.

Би можело да ве интересира

Индонезискиот претседател на Путин му пренел порака од Зеленски

А1он

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Ана Ололовска

Само 45 странски туристи го посетиле Бали во 2021 година наспроти шест милиони пред пандемијата

Ана Ололовска

Индексите на азиските берзи пораснаа од најниските нивоа во последната година

Ана Ололовска

Раст на цените на акциите на Азиските берзи

На Азиските берзи зголемени цени на акциите, доларот ослабна

Ана Ололовска