Субвенционирањето на авиокомпаниите согласно европското законодавство

Од:

Постапката за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници беше внимателно анализирана пред да биде спроведена и е во согласност со европското законодавство, информира денеска Министерството за транспорт и врски во врска со пишувањата дека Косово ќе ја тужи Македонија заради субвенционирање на авиокомпании.

– Министерството за транспорт и врски, на барање на Министерството за инфраструкура на Косово уште во 2012 година, испрати допис во кој се образложени меѓународните правни норми врз основа на кој се спроведува проектот за доделување на финансиска поддршка за авиопревозници, од каде е јасно дека не е прекршено европското законодавство, наведува македонското Министерство во денешното соопштение.

Оттаму посочуваат дека Уредбата за доделување на финансиска поддршка на домашни авиопревозници и постапката за доделување финансиска поддршка се во согласност со насоките на Заедницата за финансирање на аеродроми и почетна помош на авиопревозници кои оперираат од регионалните аеродроми.

– Владата на Република Македонија и во наредниот период ќе продолжи со имплементирање на проектот за финансиска поддршка на авиокомпании со цел зголемување на бројот на директни летови до европските дестинации и овозможување на попристапни цени за патниците во Македонија, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски