Субвенции за 606 граѓани за купени сончеви колектори

Од:

Преку јавно извлекување денеска Министерството за економија избра 606 граѓани кои ќе добијат  субвенции за купени сончеви колектори. За  субвенционирањето се наменети шест милиони денари.

За државна помош во износ од 30 проценти за инсталација на овој вид обновлива енергија барања доставија 2.000 граѓани.

– Оваа субвенција изнесува 30 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 300 евра по домаќинство. Ова е шести пат на извлекување што значи дека од досегашниот период ваква субвенција добиле 2.415 семејства во Република Македонија, изјави Виолета Каскарова од Министерството за економија.

Анализите покажуваат дека едно семејство кое што има вграден соларен термален колектор на годишно ниво може да заштеди 2.400 киловат-часа електрична енергија,  односно околу 13.000 денари.

Јавниот повик за државната помош за купен и вграден соларен колектор беше распишан на 24 јануари и траеше до 31 мај 2014.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески