Субрата Рој: Комплексот во Охрид ќе биде меѓу најдобрите десет во светот

Од:

 Индискиот бизнисмен Субрата Рој денеска во Охрид истакна дека туристичкиот комплекс кој ќе се гради на крајбрежјето на Охридско Езеро ќе биде меѓу најдобрите десет во светот.

– Целиот проект пред се е инициран од аспект на бизнис. Нашите заложби не се тоа да биде некој просечен туристички комплекс, туку една дестинација меѓу најдобрите пет до десет од таа област од целиот свет, рече Рој кој од вчера престојува во Македонија.

Тој потенцира дека неговата компанија се што прави го прави големо и така ќе биде и овојпат со овој, како што рече, амбициозен проект од кој ќе имаат полза и двете страни, и Република Македонија и Сахарија Груп.

Како и претходниот пат, изрази воодушевување од климата, од луѓето и повторно тоа го наведе како дел од причините поради кои решил да инвестира.

Неговиот домаќин, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека веќе е формиран координативен тим од триесетина експерти, како на надлежните институции во Македонија така и на Сахара групацијата, за да се уредат сите правни, економски, еколошки прашања за да се забрза реализацијата на проектот. Исто така и сите државни институции од областа на заштитата на животната средина со цел проектот да биде еколошки прифатлив како од аспект на заштитата на животната средина, така и од аспект на заштитата на Охридското езеро како богатство заштитено од УНЕСКО.

Комплексот е лоциран на крајбрежјето на Охридско Езеро кај Љубаниште. Ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода итн.

Проектот „Сахаријан Македонија“ е проектиран од една од најпознатите светски британски архитектонски компании „Аткинс“ и архитектот Том Врајд кој го има проектирано и грандиозниот и најпознат хотел Буџ Ал Араб во Дубаи, единствен хотел со 7 ѕвезди во светот. Исто така, тие се дизајнери на еден од најлуксузниот и најголем патнички брод во светот – Oasis of the Seas. Имаат дизајнирано луксузни објекти во Русија, Обединетите Арапски Емирати, Сејшелските острови, Индија, Тајланд, Кипар, Индонезија, и многу други земји.

– Планираат во Охрид да има специфичен пловечки хотел со казино, пристаниште, голф терен на многу високи ниво, спа центар, вили кои ќе бидат дадени на продажба. Предложени се хотелски сместувања, конференциски сали, шопинг центри и друго. Предвидуваат и неколку оргинални и ексклузивни содржини за кои можеме да напоменеме дека ќе ги има само во овој комплекс, односно на Охридското Езеро и никаде на друго место во светот, информираа од Министерството за финансии.

Инвестицијата од Субрата Рој, посочуваат, ќе ја продолжи туристичката сезона во Охридскиот регион да биде 365 дена во годината, ќе креира и илјадници работни места и ќе го поттикне градежништвото и други индустриски дејности во земјава.

За време на посетата Субрата Рој ќе разгледа и други инвестициски можности во земјава во областа на земјоделството, туризмот и други економски сектори.

При престојот во Македонија пред Субрата Рој  ќе бидат претставени можностите за инвестирање и во областа на земјоделството, туризмот и други економски сектори.

Во рамки на посетата претседателот на индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ ќе престојува и во Скопје и Охрид.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Нова инвестиција на германски „Кил“ од 9,2 милиони евра и нови 150 работни места

Горан Наумовски