Студирањето може да биде речиси еднакво на 0 трошоци за родителите – Прв факултет со европска диплома, а местата се ограничени!

Од:

Местата се пополнуваат затоа што има голем интерес на младите од Македонија да се стекнат со знаења од професори од Германија и да бидат рамо до рамо со младите во ЕУ, велат од Хајделберг Факултет во Скопје.

Вработените од Хајделберг Факултетот во Скопје, изјавија дека интересот за упис на факултетот е огромен, местата веќе се пополнуваат, а особен интерес за дуалниот начин на студирање покажуваат и родителите на идните студенти, бидејќи во него ја препознаа можноста нивните деца да стекнат добра теоретска подготовка, но пред сѐ, тригодишно практично работно искуство, кое ќе им овозможи, по стекнувањето на дипломата, непречено вклучување во работниот процес во компаниите.

Хајделберг Факултетот во Скопје (Heidelberg Faculty of Skopje), кој започна со работа, на крајот на мај, го објави Kонкурсот за прием на првите студенти на додипломските акредитирани студии со двојна диплома (германска и македонска), за учебната година 2024/25 година и тоа:

 Студиска програма – Бизнис администрација: банкарство, осигурување и контролинг (30 студенти) и
 Студиска програма- Податоци и компјутерски науки (30 студенти).

„За првпат во Македонија и во земјите од Западен Балкан ќе се студира на германски студии (на англиски јазик), кои, од Универзитетот Провадис во Франкфурт, се директно признаени. За родителите кои бараат образовна институција која ја нагласува и академската извонредност и личниот развој, Факултетот Хајделберг од Скопје нуди единствена и поттикнувачка средина за едукација на нивните деца, која од самиот почетокот на акдемската година, ќе започне со грижа за надарените и талентираните студенти, преку нивна идентификација и препознавање, а потоа и со активности кои се во насока на нивниот развој“, истакна д-р Мирјана Алексова од филијалата на факултетот во Скопје.

„Хајделберг Факултетот во Скопје, фокусот го става на практичниот дел од наставата која се реализира во неговите партнерски компании. Согласно германската дуална програма на изучување, студентите ќе имаат можност да се стекнат со академско знаење и да посетуваат пракса или да се вработат со половина / полно работно време, согласно потребите на компаниите, и тоа додека трае програмата за студирање“, додава Добринка Демјански, од одделот за развој на факултетот.

„Досега, во летниот период имаат аплицирано голем дел на млади матруранти на двете програми. Квотите се мали, затоа што не сакаме да одиме на квантитет, туку квалитетот на поединецот е важен. Студентите не се бројки кај нас. Согласно тоа, проекциите на управата од Германија е исполнета, а речиси и да е пополнета една од програмите. Остануваат уште неколку места“, како што вели професор Цајтел од управата на Хајделбер. Затоа, млади од Македонија, побрзајте со вашата одлука. Сега е „Германија дома“ за сите Вас, завршува Цајтел.

„Имавме бројни состаноци во текот на месец јули и особено сега во август, со родители кои се интересираа за нивните деца. Најчето не прашуваат за цената на студии. За школарината. Ние им одговараме дека ратата за студии, во текот на целиот циклус не надминува сума, која е многу помала од минималната плата во Македонија (околу 330 ЕУР). И што е најважно, таа може да се компензира со платата или надоместокот на дуалните парнери, кој, студентите може да го добиваат во текот на студиите, на месечно ниво. Така, студирањето може да биде речиси еднакво на нула трошоци за родителите. Тоа е тајната на Германија, која, за прв пат, заедно со компаниите ја носиме, тука во Скопје“, истакна проф. д-р Синиша Наумоски, претставникот на управата во Скопје.

Повеќе информации за факултетот може да дознаете на нивната веб страна heidelberg.edu.mk.

Би можело да ве интересира

Како да се избере најдобриот факултет и идната кариера!? Семинар на тема „Кариера и професионален развој“ на Heidelberg Faculty of Skopje

Укинат факултетот за здравствени науки во Струга, Владата ја поништи одлуката од претходното владино раководство

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови

Академијата за сајбер безбедност на АУЕ-ФОН станува атрактивна во регионот

За упис на факултетите со диплома за завршено средно образование во оваа учебна година

А1он

Факултетот за земјоделски науки и храна одбележува 71 година од постоењето

Ана Ололовска