Јани Макрадули на надзорната расправа го праша заменик министерот Зоран Коњановски, како се чувствува и дали се уште има анксиозно растројство, душевна болка и нерасположение, алудирајќи на судскиот спор помеѓу него и Бендевска, во кој по психијатрискиот наод, заменик министерот се чувствувал вака, поради навредата од Бендевска.
Коњановски инстистираше дека работат според Законот, иако Макрадули му покажа документ, во кој се гледа дека на студенти по фармација и обновливи извори, родени ’91 и ’92, инаку членови на ВМРО-ДПМНЕ им било доделено земјоделско земјиште.
Коњановски не го знае случајот но, субвенции може да добие секој заведен земјоделец.
Макрадули покажа и документ дека на извесен Станое Јанковски, државата му доделила субвенции во износ од 48 илјади денари, а тој е еден од донаторите на ВМРО-ДПМНЕ со 60 илјади денари.
Еден од најголемите донатори на ВМРО-ДПМНЕ, Блажо Колов, рече Јани Макрадули, добива најмногу пари и тоа и од Кавадарци и од Неготино.