Странски и домашни компании заинтересирани да инвестираат во Македонија

Од:

Вицепремиерот за економски прашања денеска изјави дека има компании кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија веднаш по објавувањето на владините мерки за индустриски раст и згомеување на конкурентноста на македонската економија.

Тој на прес-конференција во Владата на РМ информира дека во изминатите три месеци имал остварено средби со околу 250 странски и домашни компании.

– Многу странски компании сакаат да инвестираат во Македонија. Има најмалку 10 кои по објавувањето на мерките ќе инвестираат во Македонија. Мерките нема да бидат редуцирани за странските компании, туку ќе важат и за македонските компании. Мерките ќе важат за сите кои ќе дадат придонес за македонската економија, посочи вицепремиерот Анѓушев.

Тој ги негираше тврдењата пласирани во јавноста дека Владата ги брка странските инвеститори. – Ниту еден странски инвеститор нема да биде избркан и нема да биде неиспочитуван во целата суштина на договорите што ги имаат потпишано. Сите странски инвеститори и понатаму ќе бидат поддржани и Владата ќе биде нивни добар партнер, потенцира вицепремиерот Анѓушев.

Најави дека Владата наредните денови ќе излезе и со анализа колку средства се потрошени за поддршка на странските инвеститори.

Бројките во анализата ќе бидат во кумулативен износ бидејќи не сакаат да им наштетат на компаниите, кои, како што рече, се добредојдени.

– Бројките ќе бидат кумулативни. Не сакаме да имаме влијаение врз работењето на поединечни компании. Тие се сите добредојдени и понатаму ќе бидат поддржани. Она што нема да го кажеме, а со цел само да не им наштетиме на компаниите, е дека нема да објавиме поединечно компанија по компанија колку добиле, појасни Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов