Стопанската комора почнува со онлајн обуки – ќе им помага на компаниите подобро да ги искористат мерките за поддршка

Од:

Стопанската комора на Македонија од утре ќе почне онлајн обуки за компаниите со цел тие полесно, поефикасно и соодветно да ги искористат владините мерки за поддршка.

Како што соопшти Комората, на практичен начин ќе се обработат и презентираат донесените уредби со законска сила што се во надлежност на Управата за јавни приходи.

-Промотивно, првата онлајн обука ја организираме во соработка со Управата за јавни приходи на тема „Поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19“, која ќе се одржи утре, на 28 април, од 10:00 до 13:00 часот. Обуката преку виртуелна училница ќе се изведува во живо и вклучува целосна интеракција на учесницитевели оперативниот директор на Стопанската комора, Анета Трајковска.

Според неа, неизбежно е во овој вонреден период сите да го приспособат своето работење и да пристапат кон зголемена примена на дигиталните технологии и услуги, тие да станат приоритет во секојдневното работење.

Директорката информира дека Комората изврши набавка на опрема и претплата на еден од најквалитетните „онлајн“-софтвери за видео-конференциски врски која обезбедува стабилна конекција за голем број учесници и истовремено организирање на повеќе настани, со што во овој вонреден период ќе го приспособи целосно работењето.

-Преку примена на софистицирани дигитални технологии продолжуваме со континуирана организација на настани, состаноци, конференции, бизнис-форуми, прес-конференции и едукација, а со тоа продолжуваме и во остварувањето на целите на нашето постоење. Можеме да очекуваме дека по завршувањето на пандемијата корисничките навики можеби и ќе се променат и дигиталната услуга ќе стане приоритет во секојдневното работење и живеење на сите нас, наведува директорката.

Стопанската комора на Македонија минатата година организираше преку 225 настани (состаноци и расправи за компаниите, конференции, форуми, проектни активности, презентации) на здруженијата според дејности и преку регионалните комори, одржа 48 прес-конференции и повеќе од 40 бизнис-настани кои беа медиумски поддржани, а само преку Центарот за едукација беа организирани 120 едукативни настани на кои учествуваа 2.700 посетители.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност