Стопанската комора овластена да врши обуки за меѓународни возачи и управители

Од:

Стопанската комора на Македонија(СКМ) е овластена да врши стручни оспособувања на возачи и управители во меѓународниот патен сообраќај, информира денеска на прес-конференција во Штип Митко Митевски, претставник од комората.

Според Митевски, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај сите возачи кои вршат превоз на патници и стока во меѓународниот патен сообраќај задолжително мора да поседуваат сертификат, што го издава Министерството за транспорт и врски.

Токму Стопанската комора на Македонија, истакна, ќе посредува при стручно оспособување на возачите, но и докажување на управителите на ваквите фирми за нивната професионалност.

На обуките кои ќе ги организира Стопанската комора можат да се пријават и лица кои доправа планираат да вршат транспорт и превоз на патници низ меѓународните дестинации.

Согласно Законот за патен сообраќај, возачите на секои пет години треба да ги обновуваат лиценците за меѓународен сообраќај. Околу 12.000 возачи од земјава, вршат транспорт надвор од границата на Македонија.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

Орце Костов

Бранко Азески бара функционерите да штедат: Службените возила за викенд ви се по нивите и по швалерај

Орце Костов

Комора на приватно здравство: Висината на капитацискиот бод да се одредува според методологија

Годишно изборно собрание на Македонско-бугарската стопанска комора

Ана Ололовска

Членките на ЦЕФТА да користат арбитража за решавање на споровите

Ана Ололовска