Стопанската комора на северозападна Македонија денеска во рамки на Караванот на Комората одржа средба со компании од Кичево.
Претседателот на Комората, Неби Хоџа изјави дека со Караванот ги посетуваат нивните членки со цел да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат и да ги презентираат проектите коишто се насочени кон подобрување на бизнис климата.
– Целта на Караванот е посета на компаниите членки и потенцијалните компании членки, со цел да се биде поблиску до бизнисите и да се слушнат проблемите со кои се соочуваат во текот на нивната работа, како и да се презентира годишниот и финансискиот извештај од минатата година, годишниот и финансискиот план за 2017 година, услугите кои СКСЗМ ги нуди, како и новите проекти на Комората коишто влијаат кон подобрување на економската клима во земјата и проектите коишто се реализирани досега, рече Хоџа.
Стопанската комора на северозападна Македонија годинава по шести пат го организира Караванот на Комората.