Стопанската комора на Македонија годинава одбележува 96 години од коморското дејствување во Македонија.
Со над 11.000 претставници на фирми – учесници на коморските настани, над 17.000 издадени документи, преку 200 бизнис-настани, над 90 едукативни настани, 86 електронски публикации и 44 прес-конференции на годишно ниво, оваа Комора претставува репрезент на интересите на деловната заедница.
– Како и досега, Стопанската комора на Македонија и во иднина ќе биде главниот поддржувач во напорите за натамошен раст и развој на бизнисот, со кој успешно ќе ја дочека и ќе ја прослави 100-годишнината од коморското постоење и дејствување, раководејќи се од слоганот: Со членството моќни – во визиите истрајни, велат од Стопанската комора на Македонија.
Утре, како што е најавено, ќе се одржи свеченоста по повод 96-годишнината од коморското дејствување.