Стопанската комора на Македонија на Светскиот конгрес во Катар

Од:

Бизнис делегација на Стопанската комора на Македонија од 22. до 25. овој месец учествува на 8. Светски конгрес на коморите во Доха, Катар.

Како што соопшти Стопанската комора на Македонија, македонската делегација оствари средби со повеќе коморски и бизнис-делегации, со цел интензивирање на соработката, размена на искуства и реализација на заеднички проекти во иднина.

За време на тридневната манифестација, на 18 практични работилници се презентираа иновации и нови услуги, со цел да се зголеми експертизата  и како  да се подобри работењето на коморите.

На конгресот оваа година присуствуваат рекорден број од над 2.000 делегати.  Коморските  лидери и претставници на компаниите од повеќе од 120 земји дискутираат за најразлични прашања на повеќе пленарни сесии и работилници,  за развивање и зајакнување на партнерствата, размена и споделување на најдобрите практики.

Настанот се одржува под покровителство на емирот Неговото Височество Шеикот Хамад бин Калифа Ал-Тани. Домаќин на Конгресот е Комората за трговија и индустрија на Катар.

Претседателот на Меѓународната трговска комора (ИЦЦ)  Жерард Вормс, на отворањето на 8. Светски конгрес на коморите, повика на зближување и обединување на бизнис-заедницата од целиот свет, со цел да се направи поголем притисок врз владите за да се носат позитивни одлуки во текот на оваа година, а особено за време на министерскиот состанок на Светската трговска организација, што ќе се одржи во декември во Бали,  Индонезија, како и на Самитот на Г20 во септември оваа година.

Говорејќи на отворањето на 8-миот Светски коморски конгрес, Вормс  посочи дека со спроведувањето на договорите за олеснување на трговијата ќе се создадат повеќе од 120 милиони работни места во светот и ќе се намалат за половина трошоците поврзани со логистиката и бирократијата.

Тој додаде дека глобалната трговија не е во добра состојба во моментов, со оглед на тоа што има пад од  3 отсто, што претставува основен проблем со кој се соочуваат голем број земји во светот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност