Стопанската комора бара да се одложи примената на новиот закон за зелени пазари

Од:

Стопанската комора на Македонија бара да се одложи примената на Законот за трговија на зелените пазари, што треба да почне од 1 јануари идната година, заради неможноста да се применат некои негови членови од почетокот на наредната година поради ненавременото носење на подзаконските акти и немањето дефинирани услови како ќе изгледа лиценцата за вршење дејност.

Како што информира Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора, барањето за одложување на законот од комората минатата недела официјално е доставено до министерот за економија Крешник Бектеши, но се уште немаат добиено одговор. Се надеваат дека во следните две недели ќе имаат работна средба со министерот, во спротивно велат, дека примената на законот може да придонесе кон „еден вид незаконско работење на организаторите на пазарите“.

-Законот е донесен по брза постапка во јануари годинава, а комората не беше консултирана. Се предвидуваше подзаконските акти да се донесат до април, а беа донесени во септември. Сметаме дека три месеци се недоволен период организаторите на пазари да се прилагодат на новите одредби и да го усогласат своето работење и дека треба да претрпат сериозни измени неколку членови од законот. Додека не бидат направени измените законот реално не може да функционира онака како што е сега поставен поради што сметаме дека треба да биде одложен за некое време, рече Михајловска Василевска на деншната прес-конференција.

Нагласи дека бараат да се прошири можноста кој се може да тргува на зелените пазарите и да се отстрани од законот делот кој кажува дека не можат да закупат тезга трговците поединци, како и лицата кои остваруваат доход по основ на работен однос, пензија и преку договор на дело. На тој начин, потенцира, сметаат дека ќе се намали за 30 отсто бројот на лицата кои закупуваат тезги и прометот на зелените пазари. Како второ го истакнуваат барањето легитимацијата за закупците на тезги да не се врзува со бројот на тезга, бидејќи коморските здруженија немаат право да одредуваат кој број на тезга ќе му го даде организаторот на пазарот на закупецот. Третото барање е сите три комори на закупци на тезги да можат да издаваат лиценци за тезги, а не само една како што е предвидено во законот и на тој начин да се овозможи плурализам. Четврто барање на комората е да му се овозможи на трговецот што е носител на лиценцата да може да ја пренесе легитимацијата на член на потесното семејство доколку од објективни причини биде спречен да ја врши дејноста, а петтото да се предвиди можност со една издадена легитимација да може да се закупат повеќе тезги на ист пазар во иста општина.

Таа посочи дека по серијата заеднички интервенции на надлежните институции полека се напушта трендот на диви пазарџии иако, како што кажа, во Велес се уште претставуваат сериозен проблем и голема нелојална конкуренција на закупувачите на пазарите.

Во Македонија има од 20 до 25 илјади закупци на тезги на пазарите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност