Стопанска комора: Сертификати за кадрите од областа на енергетската ефикасност

Од:

Македонија не заостанува многу зад другите европски земји во однос на енергетската ефикасност, кадри од оваа област има, но добро е тие да се сертифицираат, велат од Стопанската комора. Во ваков случај и градежниот сектор би бил поконкурентен.

На Македонија и се потребни најмалку 9.600 обучени работници за да ја реализира стратегијата која предвидува до 2020 година енергетски ефикасни да бидат 35 проценти од јавните објекти.

– Во земјава постои кадар кој работи на енергетски ефикасни објекти, но тоа засега не е препознаено. Проектот „Билд – ап скилс“ почнува со обука на тренери кои своите вештини за енергетска ефикасност потоа ќе ги пренесат на работниците, истакна денеска на прес-конференција Јадранка Аризанковска од Дирекцијата за меѓународна соработка при Комората.

Повикот е распишан пред пет дена и ќе трае до 15 март. Кандидатите треба да имаат завршено високо образование во областа на градежништвото, електроенергетиката, архитектурата и машинството, четиригодишно средно техничко или тригодишно стручно со трет степен на квалификации. Потребно е и работно искуство од најмалку пет години во струката, како и минимум две години во спроведување мерки за енергетска ефикасност.

Како што нагласи Аризанковска, од проектот треба да произлезат вкупно 200 тренери. Обуките ќе траат 10 дена, а по нивното завршување кандидатите ќе стекнат сертификати валидни и во Хрватска и во Словенија како земји-учеснички во „Билд-ап скилс“ иницијативата.

Согласно најновите законски измени, за добивање дозвола за градба, мора да се приложи и елаборат за енергетска ефикасност. Ова важи и за станбените објекти. И старите објекти треба да подлежат на подобрување на енергетската ефикасност, не само преку фасадите, туку и преку подовите, крововите.

– Македонија располага со обучени инженери, архитекти, градежници, електроинженери кои имаат овластувања, а збир на неколку овластувања прават лиценца на фирми кои ќе ги изработуваат елаборатите за енергетска ефикасност, нагласи Марија Петроска од Стопанската комора.

Би можело да ве интересира

Oтворено писмо до јавноста од Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија