Иако се уште не сме ги виделе законските измени кои Владата ги усвоила, од тоа што се слуша, голем дел од превидените законски решенија се контроверзни и е прашање дали ќе го поминат испитот на уставност, вели во разговор на „Плусинфо“, претставникот на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС), Горан Стоименов говорејќи за измените на Законот за игри на среќа предложени од Владата, а кои што предвидуваат уплатните места за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од образовни институции.
Предложените измени ќе направат несогледливи последици кои многу тешко ќе може да се поправат
Имајќи ги предвид и искуствата на земјите од Европа и регионот во однос на регулација на игрите на среќа, Стоименов истакнува дека не е потребно да се брза и по секоја цена да се донесат законските измени кои на среден рок ќе направат несогледливи последици кои многу тешко ќе можат да се поправат.
„Сметаме дека е вообичаена демократска пракса, како странски инвеститори, претставници на капитал кој доаѓа од земја членка на ЕУ да бидеме ислушани и нашата експертиза и знаење да биде уважени со цел изработка на одржливо законско решение во согласност со највисоките светски стандарди за организирање игри на среќа. Погрешен е впечатокот дека ние генерално сме против измени на законот за игри на среќа и забавни игри, туку сме против нелогични, погрешни, популистички и политички мотивирани измени. Апсурдно е Владата да става Европско знаме на предложените измени, а истовремено да не ги следи актуелните процеси во Европа…Иако се уште не сме ги виделе законските измени кои Владата ги усвоила, од тоа што се слуша, голем дел од превидените законски решенија се контроверзни и е прашање дали ќе го поминат испитот на уставност. Затоа, не е потребно да се брза и по секоја цена да се донесат законски измени кои на среден рок ќе направат несогледиви последици кои многу тешко ќе можат да се поправат.
Дислокацијата на објектите на 500 метри ќе предизвика отворање на играчници на црно врз кои државата ќе нема никаква контрола
Стоименов истакнува дека никој во Групацијата Новоматик и Апекс Македонија нема интерес во објектите за игри на среќа да влегуваат малолетници и не се противи на строга регулација на овој бизнис сектор, но смета дека предложените измени не се вистинското решение за да се заштитат младите.
„Никој од Групацијата Новоматик и Апекс Македонија нема интерес во објектите за игри на среќа да влегуваат малолетници. Контролите се толку ригорозни што е речиси невозможно и по грешка да се протне малолетно лице. Не постои записник на надлежните државни органи каде е евидентирано присуство на малолетник во казината и автомат клубовите кои се во надлежност на групацијата, што е исклучителна потврда дека се работи за врвни професионалци, општествено одговорни компании кои го штитат јавниот интерес 100 проценти и неселективно ги спроведуваат законските норми… Затоа, клучното прашање кое општествената јавност треба да си го постави е дали младите се повеќе заштитени сега кога игрите на среќа се одвиваат на легален начин или кога ќе се организираат на црно? Владата и Собранието не треба да го кријат фактот дека дислокацијата на објектите на 500 метри од образовните институции неминовно ќе предизвика затворање на легална економска дејност и отворање на играчници на црно, на кои државата ќе нема никаква контрола“, вели Стоименов.
280 милиони евра од игрите на среќа се слеваат директно во државниот буџет
Преку повеќе ставки и даноци од приредувањето на игри на среќа годишно во државната каса се слеваат околу 280 милиони евра кои се насочуваат кон здравството, младите и спортот.
„Кумулативните финансиски обврски за приредувачите на игри на среќа се јавни и зафаќаат 6 проценти од приходите на планираниот буџет за 2023 година. Тие имаат законска обврска за плаќање посебна давачка во вкупен износ од 23 проценти, од кои 1,5 проценти одат за потребите на јавното здравство и 1,5 проценти за потребите на Агенцијата за млади и спорт, а останатите 20 проценти директно се слеваат во централниот Буџет. Казината и автомат клубовите дополнително плаќаат годишно и за секоја лиценца која на приредувачите на игри на среќа во строго дефинирана процедура им ја издава Министерството за финансии, а конечно ја одобрува Владата. Како правни лица плаќаат и годишен данок на добивка по стапка од 10 проценти. Плус за секоја поединечно остварена добивка од играње приредувачите имаат обврска да платат 15 проценти данок на истата“, вели Стоименов.
Над 154 милиони евра инвестиции од членките на АПИС досега во државава
Компаниите кои ја сочинуваат АПИС, според податоците кои ги изнесува Стоименов, покрај редовните годишни финансиски обврски кон државата, досега реализирале инвестиции во вкупна вредност од 124 милиони евра и дополнителни 30 милиони евра кои тековно се реализираат. Групацијата Новоматик и Апекс Македонија вработува илјадници луѓе и како општествено одговорни компании донираат во јавното здравство, спортот, културата и постојано учествуваат или се покровители на хуманитарни акции.
ПР текст