Ставрески во Токио договори заем од 250 милиони евра

Од:

Нов заем од 250 милиони евра ќе земе Македонија идната година, а парите ќе се трошат за сите буџетски потреби, изјави за Капитал во Токио министерот за финансии, Зоран Ставрески.

„Идната година ќе ни бидат на располагање околу 250 милиони евра, дел од нив од Светската банка, а за останатите оваа меѓународна финансиска институција ќе гарантира кај комерцијалните банки за да добиеме подобри услови за позајмување. Парите ќе ги искористиме за финансирање на сите буџетски потреби идната година“, изјави Ставрески за Капитал по средбите со претставниците на Светска банка и ММФ во Токио.

Министерот за финансии за весникот потврдил дека веќе се крои буџетот.

„Се уште не се знае колку точно пари од Буџетот за 2013 ќе бидат одвоени за инфраструктурни проекти, меѓутоа Владата ги има предвид сите препораки од извршниот директор на ММФ, Кристин Лагард, за зголемување на капиталните инвестиции. Идната година дефинитивно повеќе пари ќе се вложат во гасификацијата на земјата, изградбата на патничките и железничките коридори, Луково Поле и неколку други големи инфраструктурни објекти“, изјави Ставрески.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава