Ставрески во Русија на почетокот на изградбата на Јужен поток

Од:

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе присуствува на официјалното почнување на градбата на гасоводот Јужен поток во Анапа, Русија. На официјална покана од Руската Федерација на церемонијата присуствуваат повеќе високи државници од земјите кои влегуваат во гасоводниот коридор.

Како што соопшти Министерството за финансии, на настанот ќе се обрати претседателот на Газпром, Алексеј Милер.

Вкупната инвестиција во Јужен поток изнесува 25 милијарди евра, а гас се очекува да протече во 2015 година. Коридорот долг 3600 километри под Црното Море треба да ги поврзе руските извори на гас со Југоисточна Европа, независно од Украина. Јужен тек се предвидува да задоволува 14 проценти од потребите за гас на Европската Унија.

Со доставувањето на нацрт спогодбата од страна на Руската Федерација во јули годинава Македонија официјално влезе во Јузен поток.

Би можело да ве интересира

Песков: Подготвени сме да разговараме за продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Пет понуди на повикот за изградба на интерконекторот со Грција

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ