Ставрески: Прифатив 44 амандмани за Предлог-буџетот

Од:

Во насока на донесување на Буџетот, а со оглед дека работата на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија е блокирана денеска позитивно писмено се изјаснив за  44 амандмани од кои 33 поднесени од СДСМ, шест од пратеникот Изет Зеќири од НДП и пет од ДПА, информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на прес-конференцијата во Собранието на Република Македонија.

Тој додаде дека 44. амандмани се во вкупен износ од 191 милион денари од кои 154 милиони денари за амандманите поднесени од СДСМ, и по 18,5 милиони денари за тие од пратеникот Зеќири и од ДПА.

– Ова е најголем број на прифатени амандмани од еден министер за финансии при донесувањето на буџетите во последните 20 години, како по број така и по износот на средствата. Тоа ја покажува нашата желба за компромис, рече Ставрески.

Согласно вчерашниот конструктивен предлог од претседателот на Собранието во насока на преовладување на разумот, нагласи, написмено доставив известување во однос на сите 1.225 амандмани до Вељаноски и до сите координатори на  пратеничките групи кои се поднесители на амандманите.

Додаде дека верува оти предлогот ќе наиде на разбирање кај опозицијата и  ќе се отвори можност за забрзување на процедурата и донесување на Буџетот, бидејќи има произнесување за секој поединечен аманман од страна на министерот за финансии, со што се отвора можност за повлекување на амандманите и да продложи разгледувањето на буџетот на пленарна седница.

Одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека координацијата е се уште во тек и оти поради тоа не може да коментира дали овјо предлог е прифатлив за опозицијата или не, притоа апелирајќи на конструктивност и разумност за компромис.

– Министерот за финансии и Владата можат да покажат конструктивност и разумност и да се изјаснат по секој поединечен амандман, да прифатат амандмани како што во случајов направивме. Тоа покажува кој сака да дојде до решение и до компромис. Останува на СДСМ и на другите партии да се изјаснат по тоа прашање, рече Ставрески и додаде дека секогаш има деловнички начин ако се има политичка волја за да се излезе од ситуацијата.

Реакција на СДСМ – Опозицијата нема намера да се пазари со интересите на граѓаните

„Предлогот на министерот за финансии Зоран Ставрески го оценуваме како евтин обид за глумење лажна конструктивност.

Како што најавивме претходно, опозицијата воопшто нема намера да се пазари со интересите на граѓаните.

Остануваме на нашиот план за заштеда на 204 милиони евра, кој ќе спречи Македонија да го доживее грчкото сценарио.

Ја известуваме јавноста дека ваквиот предлог за пазарење од страна на министерот за финансии Зоран Ставрески веднаш го одбивме“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за изјавата на Ставрески

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите реагира на соопштението на СДСМ во кое партијата како евтин обид за глумење лажна конструктивност  го оцени предлогот на министерот за финансии Зоран Ставрески да прифати 44 амандмани на буџетот за 2013 од кои 33 поднесени од СДСМ.

– СДСМ со ова покажува дека не сака конструктивни разговори и покрај нашите напори, кои се искрени и сериозни и во функција да се излезе од ситуацијата во која СДСМ не втурна, туку дека се однесува дрско, неодговорно и антидржавно, само за да одбегне избори и финален пад и заминување на Црвенковски, се наггласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, се додава, досега со ова одбива 3 обиди за компромис.

– Со ова Бранко Црвенковски директно ги гази и интересите на земјоделците, пензионерите, синдикатите, студентите, бизнисмените, администрацијата…само за да си создаде алиби да избегне избори и пораз. СДСМ лаже кога вели дека со прифаќањето на овој буџет ќе се дојде до грчкото сценарио. Напротив, Македонија и натаму останува меѓу најниско задолжените земји во Европасе вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ и се додава дека  Светската Банка не би дала ниту заем ниту гаранција, ниту јавно признание и пофалби, ако земјата оди кон грчко сценарио.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6