Ставрески: Пензионерите да бидат сигурни во политиките на Владата, пензиите двојно се зголемија од 2006.

Од:

Пензионерите треба да бидат сигурни во политиките на Владата, а доказ за тоа е што просечната пензија во наредната година со најавеното зголемување од пет проценти ќе достигне над 11.000 денари и ќе биде за 50 проценти повисока од онаа во 2006 година.

Ова го порача вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната средба со раководството на Сојузот на здруженија на пензионери во Република Македонија, на која присуствуваше и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

– Уште еднаш им соопштивме дека треба да бидат сигурни во политиките на Владата и дека Владата ќе продолжи со зголемувањето на пезниите, изјави вицепремиерот Ставрески по средбата потсетувајќи дека 288.000 пензионери ќе добијат зголемување на пензиите со пензијата исплатена во март наредната година.

Според него тоа е  направено во услови кога Буџетот и Република Македонија се соочуваат со предизвиците од европската криза, но, како што истакна, Владата смета дека  заштита на животниот стандард на пензионерите е приоритет и како што направивме и следната година  смогнавме сили да издвоиме средства за зголемување на пензиите.

Најави дека и во и натаму со сите можни мерки и политики ќе се прават напори да помагнат онолку колку што дозволуваат околностите.

– Имаме изворнренда добра соработка и верувам дека Владата и понатаму ќе може да продолжи, и по 2014 година со политиките на подобрување на стандардот на пензионерите и зголемување на пезниите. За илустрација во 2013 просечната пензија е зголемена за 50 проценти во однос на нивото од 2006 година. Тогаш имаше 7.683 денари просечна пензија, а сега 11.565 денари. И тоа покажува дека навистина се грижиме за пензионерите, изјави министерот Ставрески.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов потенцира дека зголемување на пензиите не е единствената мерка со која Владата го помага стандардот на пензионерите. –

– Покрај зголемување на пензиите за пет проценти од март наредната година, исто така во буџетот на Минситерството за труд и социјална политика обезбедени се дополнителни 35 милиони денари за бањско-климатска рекреација на околу 5.500 пензионери кои оваа услуга ќе ја користат бесплатно. Проектот  наидува на особен интерес кај пензионерите. Заинтересираноста оваа година беше огромна. Околу 24.000 пензионери аплицираа на јавниот повик и очекуваме и наредните години да продолжи големиот интерес на пензионерите и повторно со овој проект да им излеземе во пресрет, истакна Спасов и додаде дека ќе се продолжи и со други мерки како што беше неодамна најавената за изградба на старечки домови.

Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери Драги Аргировски ги поздрави ги поздрави и како позитивни ги оценки сите мерки што ги презема Владата, а кои се од интерес за сите пензионери.

– Добивме позитивни вести за зголемување на пезниите од март идната година. Добро е што продолжува и проектот за бањско-климатска рекреација, како и за намалување на лековите, а важно е што од нова година сите пензиоенри со подпросечна пензија добиваат и бесплатно болничко лекување, потенцира Аргировски.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски