Ставрески: Никој друг освен СДСМ не кажал дека Македонија е слична на Грција

Од:

Опозициската СДСМ  неосновано  тврди  дека со задолжувањето  сме тргнале по патот на Грција затоа што наспроти нејзиниот долг од 180 проценти од БДП, Македонија има долг од 30 проценти од БДП,  најнизок дефицит во Европа и стабилни макроекономски параметри.

Тоа го оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во тек на денешната амандманска расправа за Предлог буџетот за следната година на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според Ставрески, во буџетот за 2013 година е предвидено  да се платат обврски во износ од 257 милиони евра, што значи дека тие се покриваат со задолжувањето што се планира од Светска  банка од 220 милиони евра до 250 милиони евра.

– Тука паѓа во вода вашиот наводен аргумент дека државата се задолжува и  уште поапокалиптично сценарио  дека сме тргнале по  патот на Грција, наведе вицепремиерот.

Тој истакна дека кој било сериозен економист од меѓународен ранг ќе смета дека опозицијата нема елементарни познавања ако тврдите дека Македонија е слична со Грција. За земја со 30 проценти долг, со дефицит меѓу најниските во Европа и земја во којашто сите параметри се стабилни, а тоа го потврдуваат од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд  и Европската комисија и сите други, никој освен СДСМ не кажал  дека Македонија е слична на Грција. Само ставот на СДСМ е спроти сите, рече Ставрески.

Од опозоцијата побара дискусија со аргументи  и праша како може да се објасни ставот дека Македонија со долг од 30 проценти од БДП може да е иста со Грција која има долг од 180 проценти од БДП и оти има проблем со долгот и задолжувањето ако сите земји од опкружувањето, Србија, Црна Гора, БиХ, имаат долг меѓу 50 и 60 проценти од БДП.

– Сите тие земји се задолжуваа во меѓувреме, Србија излезе со обврзница во долари и зеде  милијарда и 700 милиони долари, а има долг од  56 проценти од БДП. Таму опозицијата не излезе со критики дека Србија се распаѓа и оти ќе ја фати грчкото сценарио, а во Македонија со 30 проценти задолженост и со 250  милиони евра задолжување коешто служи за отплата на стари долгови, меѓу кои голем дел се напревени во  времето на Бранко Црвенковски, македонската опозиција излегува со „дрва и камења“, рече Ставрески.

Потсетувајќи и на претходното тврдење на СДСМ дека Македонија  ќе исплаќала милијарда евра  во следните четири години  по основ на обврски кон странство истакна оти се покажало дека од таа милијарда евра, со 500 милиони евра државата ја задолжиле Бранко Црвенковски и СДСМ.

– Но, ние не излеговме со  обвинувања за тоа и  не рековме дека нема да ги плаќаме тие обврски на СДСМ. Една сериозна држава мора да стои зад сопствените обврски како држава, а не како  политичка партија. Ние не обвинивме дека СДСМ земал кредити за буџетска поддршка, а сте земале седум кредити во изминатите години за буџетска поддршка. И сега на овој кредит што го предлага ВМРО-ДПМНЕ, средства што во извонредно тешки околности во Европа ги добиваме  со многу ниска каматна стапка,  двојно  пониска од реалната на пазарот на капитал го блокирате тоа и излегувате со предлог  да не се земат тие пари, нагласи Ставрески.

Според него, резултатот од таквото однесување на СДСМ е осумдесет и четири милиони евра штета за Македонија ако Владата биде принудена да се задолжи на пазарот на капитал  наместо да ги земе двата поволни кредити од Светска банка. – Тоа е штета за сите македонски граѓани, за стопанството, за идните  генерации. Тоа е непоправлива штета. Оваа држава нема пари за да троши 84 милиони евра заради хировите на Бранко Црвенковски, порача Ставрески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ако Мицкоски лаже сликите се јасни, еве ги активистите од настаните со црквата во Галате

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

СДСМ: Силјановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали под бугарски диктат Сиљановска и министрите ги објавија сликите без знаме?

(ВИДЕО) Стојаноски: Откриени злоупотреби со јавните набавки во 19 здравствени установи и клиники