Ставрески: Голем интересот за отпис на долговите, поднесени 17.600 барања

Од:

Граѓаните имаат голем интерес за отпис на долговите. Заклучно со денешниот ден до центрите за социјални работи се доставени 17.600 барања од граѓаните од социјално ранливи категории. Бараат отпис на долгови кон банките, за струја, парно и радио дифузна такса.

– Значи, имаме висок степен на интерес на граѓаните за овој проект и  очекуваме  до 12 октомври, до кога трае пријавувањето, да имаме значителен број граѓани кои дополнително ќе достават барања. Тоа значи дека ќе се исполнат очекувањата за масовен одѕив на граѓаните кои спаѓаат во соодветните категории, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на потпишувањето на договорите со доверителите кои се вклучија во мерката за отпис на долговите.

Тој потенцира дека станува збор за една масовна акција во која, освен Владата, се вклучија сите банки, ЕВН Македонија, Топлификација, МРТ,  ЕЛЕМ енергетика, како и Комората на извршители и Комората на нотари, обезбедувајќи учество на сите релевантни субјекти за овој проект да биде успешен и да се реализира како што е планирано.

– Со потпишувањето на овие договори сите субјекти покажаа висок степен на општествена одговорност. Со оваа активност ќе им помогнеме на најранливите категории граѓани и од тој аспект сметам дека треба да им искажеме благодарност, но и да потенцираме дека со ова ќе овозможиме и понатаму да им се помогне на граѓаните во поглед на новите сметки за парно, струја и кон банките да можат со помал напор и поредовно да ги сервисираат и да ги вршат плаќањата, истакна Ставрески.

Ги повика сите граѓани кои се опфатени со законот да се пријават во центрите за социјална работа и да поднесат барање за отпис на долговите.

– Со оваа мерка се опфатени приматели на социјална помош, невработени лица подолго од 12 месеци и активно  бараат работа и лица кои доколку поради смрт или тешка болест во семејството не можеле да ги отплаќаат своите обврски. Се отпишуваат долгови направени заклучно со 31 декември 2013 година, рече Ставрески.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов