Ставрески: Буџетот во добра кондиција

Од:

Буџетот е во добра кондиција. Приливот на средствата во првите четири месеци од годинава е соодветен на очекувањата, а плаќањата се вршат навремено, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.

– Имаме прелиминарни податоци за април и како што очекувавме април е завршен со мал суфицит што ќе помогне да се изврши нивелација на зголемените расходи што беа во февруари, на почетокот на годината и во март поврзани со исплаќањето на обврските кон стопанството и субвенциите. Така, дефицитот е во рамки на очекувањата за првите четири месеци и таков ќе биде до крајот на годината. Очекуваме да се исполнат проекциите, изјави министерот Ставрески.

Тој потенцира дека нема заостанати обврски и оти сите фирми навреме добиваат поврат на ДДВ и навреме се исплаќаат сите фактури.

– Владата го исполнува она што го вети за стопанството. На нула е сведен износот на заостанати обврски уште во февруари. Тој и денеска е на нула. Сите фирми добиваат навремено поврат на ДДВ и ги исплаќаме сите фактури така што согласно времињата во кои се наоѓаме и согласно ситуацијата во Европа сметам дека македонскиот буџет сосема добро се справува со предизвиците и дека ќе успееме да ги реализираме сите проекции за приходите и расходите до крајот на годината, истакна министерот Ставрески.

Тој потенцира дека финансирањето на буџетот е во согласност со планираното, што подразбира домашно финансирање преку аукции и обезбедените средства со ниска камата со гаранцијата на Светска банка.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6