Стапуваат во сила правилата на ЕУ против даночна евазија

Од:

Од 1 јануари сите земји членки на Европска унија мораат да ги применуваат новите законски мерки против даночна евазија. Овие мерки ги таргетираат пред сѐ големите мултинационални компании.

Со овие правила Европската комисија очекува да спречи голем дел од профитите на компаниите да се пренасочуваат кон земји каде не се оданочени.

– ЕК конзистентно и долго време се бори против агресивното даночно планирање, оваа борба сѐ уште не е добиена, но ова претставува важен чекор во нашата битка против оние кои се обидуваат да ги искористат дупките во даночни системи на земјите членки за да избегнат да платат милијарди евра данок, изјави еврокомесарот за економија и финансии, Пјер Московиси.

Една од овие мерки е оданочувањето на профити, што биле преселени во земја со ниска даночна стапка, каде компанијата нема вистинска економска активност.

Други дополнителни мерки ќе стапат во сила од 1 јануари 2020.

Оваа директива за борба против даночните измами беше предложена во 2016 од страна на ЕК и треба да им помогнат на земјите на ЕУ да се справат со компаниите, кои не придонесуваат правично во даночниот систем.

Би можело да ве интересира

Прекин во работењето на системот е-Даноци

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он