Стапката на невработеност во вториот квартал 28,2%

Од:

Стапката на невработеност во второто тримесечје од годинава изнесува 28,2 проценти и бележи намалување во однос на 2013 година за 0,8 проценти, а во однос на претходниот квартал за 0,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Вкупниот број на работоспособно население во Македонија во вториот квартал изнесува 957.790 лица, од кои 270.325 се невработени, додека 687.465 се вработени лица.

Повеќе од половина од невработените односно 159.368 или 59 проценти се мажи, додека 110.957 или 41 процент се жени.

Според објавените податоците најмногу вработени 130.107 има во преработувачката индустрија, 127.342 во земјоделството, 96.569 се во трговијата и 46.696 се во градежништвото.

Стапката на активност во овој период е 57,3, стапката на вработеност 41,1, додека стапката на невработеност 28,2.

Би можело да ве интересира

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Евростат: Стапката на невработеност во ЕУ е шест проценти

Рекорден број Французи дале отказ од работа во потрага по постојана работа

А1он

Намалена невработеноста во Грција

А1он

Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години

Хаѕидакис: Невработеноста во Грција падна на 11,9 отсто во февруари и не е прво априлска шега

А1он