Стапката на невработеност во Британија е 5,1 отсто, највисока од 2016 година

Од:

Стапката на невработеност во Велика Британија се зголеми во четвртото тромесечие од минатата година на 5,1 отсто, покажуваат денешните податоци на Националниот завод за статистика.

Тоа е највисока стапка уште од првиот квартал во 2016 година, но е сепак значително пониска отколку што би била без владината програма за поддршка за зачувување на работните места за време на пандемијата на Ковид-19.

Податоците покажуваат дека бројот на вработени на платежните списоци на претпријатијата се зголемил минатиот месец за 83.000 во однос на декември 2020 година, што е најголемо месечно зголемување во споредба со јануари 2015 година.

Владината Програма за зачувување на работните места, која дава финансиска помош за речиси секој петти вработен, е најскапа британска мерка за поддршка на економијата во текот на пандемијата на коронавирусот и ќе изнесува околу 70 милијарди фунти (98 милијарди долари) до 30 април, кога истекува нејзината важност.

Банката на Англија проценила дека стапката на невработеност ќе се зголеми на речиси осум проценти кон средината на 2021 година по завршувањето на оваа програма.

Сепак се очекува дека министерот за финансии Риши Сунак ќе најави на 3 март, во извештајот за буџет, продолжување на поддршката за зачувување на работните места, барем за секторите кои се најтешко погодени од рестриктивните мерки во земјата.

Би можело да ве интересира

Британската полиција уапси петмина осомничени за тероризам

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Британски полицаец две децении силувал и злоставувал жени

Катерина Ѓуровски