ССМ бара утврдување на висината на минималната плата

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија бара итно свикување на Економско социјалниот совет со цел утврдување на висината на минималната плата. Бараат зголемување на висината со оглед на зголемувањето на исплатената бруто-плата минатата година.

– Со оглед на тоа што излегоа статистичките податоци заклучно со декември во однос на минималната плата бараме итно свикување на Економско социјалниот совет каде согласно член 4 од Законот ќе го дадеме своето мислење за утврдување на минималната плата. Согласно овој член, минималната плата изнесува 39,6 проценти од просекот на бруто-платата на Републиката од претходната година. Според нашите проценки, очекуваме зголемување на висината на минималната плата, имајќи предвид дека има покачување на исплатената бруто-плата за претходната година, изјави претседателот на ССМ Живко Митревски на денешната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски

Петрушевски: Народот на минималец, а Слободан Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Филипче: Власта нема желба да ги покачи платите, затоа партиски го напаѓа Синдикатот

Европската конфедерација на синдикати со поддршка на ССМ, за случувањата во Македонија ќе ја известат Европската Комисија

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари