ССК и Македонскиот полициски синдикат заеднички против сивата економија

Од:

Создавање платформа за заедничко дејствување и заеднички настап пред релевантните институции, е целта на Договорот за соработка што го потпишаа денеска Сојузот на стопански комори на Македонија и Македонскиот полициски синдикат – Скопје.

Како што беше речено на прес-конференцијата по овој повод, соработката ќе стави акцент посебен на воспоставувањето систем за владеење на правото и сузбивање на сивата економија.

– По примерот на европските земји, деловната заедница обединета во ССК, ја зацврстува соработката со Македонскиот полициски синдикат. Бројни се полињата за заедничко делување. Нашите заложби ќе бидат насочени кон воспоставување систем за владеење на правото и сузбивање на сивата економија. Институционално ќе дејствуваме заеднички за унапредување на демократските процеси, рече потпретседателот на Сојузот, Драган Митковски.

Тој се осврна и на општествената одговорност, напоменувајќи дека компаниите на овој сегмент посветуваат големо внимание посебно сега, во услови на криза, кога конкретно за полициските службеници обезбедија заштитни средства.

Според претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, соработката со ССК почнува со фокус на владеење на правото и унапредување на демократските процеси.

-Очекуваме нашата соработка да поттикне крупни општествени промени и да пример за успешност, вреднуван од институциите, истакна Кицев.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

Независен полициски синдикат: Политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска