Српскиот динар дoстигна најниска вредност во однос на еврото

Од:

Српскиот динар денеска падна на најниска вредност во однос на еврото од почетокот на годинава, јави Танјуг.

Наспроти интервенцијата на Народната банка на Србија (НБС), која на девизниот пазар вчера продаде 20 милиони евра, српската национална валута ослабна за 0,2 отсто, па така според официјалниот курс денеска едно евро ќе се менува за 115,0174 динари.

Со цел да спречи прекумерна дневна осцилација на курсот на динарот, НБС од почеток на годината на меѓубанкарскиот девизен пазар продаде 365 милиони евра, а купи 90 милиони.

Во 2013 година српскиот динар беше најјак на 30 април кога за една европска валута се добиваа 110,5426 српски. До денеска, српската валута имаше најнозик курс на 22 јуни, кога едно евро чинеше 114,5353 динари.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари