Средба на министрите за финанси на Г20 почнува во Мексико

Од:

Претставници на Групата 20 најразвиени земји во светот и економии во забрзан раст, денеска ќе се сретнат во Сјудад Мексико за да разговараат за решенијата за глобалните економски проблеми, да го зајакнат притисокот на членките на еврозоната и да ја стават под контрола должничката криза со која се соочуваат.

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите на Г20 ќе го почнат дводневниот состанок во Мексико, во време кога проблемите во Грција продолжуваат да ја потресуваат еврозоната, додека Шпанија сите ги држи во неизвесност со одложување на идејата за пакетот помош.

Иако фискалната ситуација во САД исто така е причина за загриженост, претставниците не очекуваат напредок по тоа прашање пред претседателските избори во најголемата национална економија на светот, што ќе се одржат во вторник.

Новиот состанок доаѓа по јунскиот самит во пацифичкото одморалиште Лос Кабос, кога лидерите на Г-20 порачаа дека се подготвени да ги усогласат „фискалните акции“ за да ја поттикнат домашната побарувачка во случај на влошување на економските услови.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот