Средба Битиќи – Доер Вос: Германската поддршка за реформите во економијата е една од најважните за земјава

Од:

Економската соработка помеѓу Северна Македонија и Германија беше главна тема на разговор на работната средба во Берлин на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи со државната секретарка во германското Федералното министерство за економија и енергетика, Клаудија Доер Вос.

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во работна посета на Берлин, на средбата истакна дека германската поддршка е една од најважните за земјава, особено кога станува збор за реформите во економијата.

Битиќи, како што соопшто неговиот, кабинет констатира дека економската соработка на земјава со Германија е на исклучително високо ниво.

– Веќе традиционално оваа земја е прв трговски партнер на Република Северна Македонија, како последица на голем број на директни инвестиции на компании од Германија. Беше потенциран и процесот на „near-shoring“ кој подразбира преселба на голем дел од производството на компании од високоразвиените земји кои имаа сопствени капацитети во земјите од Далечниот Исток во нивна непосредна близина, а Северна Македонија секако е една од дестинациите каде дел од ова производство ќе биде трансферирано, се наведува во соопштението.

Од таму информираат дека на состанокот вицепремиерот Битиќи ги претставил и преземените чекори за развивање на 20-годишна Национална развојна стратегија на земјава до 2041 година, во која ќе бидат опфатени сите аспекти на општественото живеење, а која треба да обезбеди одржлив економски раст.

Вицепремиерот Битиќи и државната секретарка Доер Вос, енергетиката, индустријата, заштитата на животната средина и спроведување на структурни реформи во економијата ги дефинираа како области каде би можела дополнително да се унапреди соработката.

Тие заклучија дека како една од конкретните мерки со кои директно ќе се помогне на инвеститорите, особено оние од преработувачката индустрија, а која е и дел од владината програма, е измената на царинскиот тарифник и негово прилагодување на царинските стапки во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Битиќи ќе поднесе преставка до КЗК за да се провери дали трговците здружено ги зголемувааат на цените на производите

Катерина Ѓуровски

Вицепремиерот Битиќи не очекува УЈП да стапи во генерален штрајк

ВМРО-ДПМНЕ: За народот криза и сиромаштија, за сопругите на Битиќи и Муслиу стотици илјади евра за проекти

Битиќи: Се справивме со предизвиците и го заштитивме стандардот на граѓаните

Владата може да препорача, но не и да одлучи за цената на струјата, вели Битиќи

Битиќи: Ако треба, ќе подготвиме и седми пакет економски мерки

Жарко Настоски