Србија: Зголемен бројот на невработени на 793 илјади граѓани

Од:

Бројот на невработени граѓани во последните години е во пораст, а од почетокот на 2013-та година до сега е зголемен за речиси 14 илјади нови луѓе, стои во извештајот на Националната служба за вработување во Србија.

Работа на пазарот на труд се чека во просек по три и пол години, а најдобро поминуваат оние кои бараат работа во областа на пластичната и реконструктивна хирургија, потоа фармацевтите, математичарите, педијатрите и информатичарите.

Статистиката покажува дека со факултетската диплома, патот до работно место трае најмалку две години, додека луѓето кои немаат никакви квалификации, не можат да се вработат дури ни за четири години.

Според НСВ, најголем проблем со невработувањето во Србија бил во 2006 година, кога дома без работа седеле повеќе од 900 илјади граѓани.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија