Советот на ЕУ и Европарламентот се договорија: Идниот 7-годишен буџет ќе изнесува 960 милијарди евра

Од:

Ирското претседателство со Европската унија и Европскиот парламент утринава објавија успешен крај на преговорите за идниот седумгодишен бџует на Унијата, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Премиерот на Ирска, Енда Кени, заедно со претседателот на Европарламентот Мартин Шулц објавија дека Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) за периодот 2014 – 2020 е договорена и дека европскиот законодавен дом во брзо време ќе ја усвои истата која пред два месеци ја одби по усвојувањето на Советот на ЕУ.

Иако официјалната бројка за тоа со колку пари ќе располага официјален Брисел следните седум години не се објавува, британската Конзервативна партија на својот официјален интернет-сајт посочи дека се работи за идентичната сума од 960 милијарди евра што претходно ја договори Советот со земјите-членки, но ја одби ЕП.

– Овој политички договор меѓу Претседателството на Унијата и Европскиот парламент е е клучен за иднината на европскиот буџет, посебно што исито има поддршка и од земјите- членки кои го изгласаа на 7 и 8 февруари оваа година. Многу е важно што идниот седумгодишен буџет на ЕУ е договорен на неколку часа пред почетокот на Самитот на Европскиот совет каде сега ќе можеме да се фокусираме на прашањето за обезбедување на работни места за младите лица, посочи претседателот на ЕС, Херман ван Ромпуј.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски