Делегација од Стопанската комора на Македонија денеска во Приштина ќе одржи работен состанок со претставници на Стопанската комора на Косово.
Целта е информирање за актуелната надворешно-трговска размена, но и почеток на најновиот принцип на соработка – испраќање лице од едната комора во другата и негов едномесечен престој.
– Двете комори, како резултат на воспоставениот договор за соработка, а во интерес на членките и во рамките на вкупните економски односи меѓу Македонија и Косово, ќе работат на интензивирање на надворешно-трговската размена, соопшти Стопанската комора на Македонија.