Извештајот на ЕК: Македонската економија е на вистински пат

Од:

Според Извештајот на ЕК, Македонија бележи најголем напредок во исполнувањето насоките на ЕУ во Програмата за економски реформи во споредба со земјите од регионот. Во овогодишниот извештај е нотирано дека земјата сериозно ја подобрила својата оценка во споредба со минатата година што јасно укажува на напредок во имплементацијата на препораките.

Овие податоци можат да се видат на графиконот за напредокот на земјите во исполнување на насоките од програмата подолу.

Извор: „Commission Staff,s Overview of the Economic Reform Programmes for 2018-2020 of Albania, Bosnia and Herzegovina, Republic of Macedonia, Montenegro, Serbia and Turkey“ стр. 8

Напредокот беше истакнат на денешниот дијалог помеѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција на кој присуствуваа министерот за финансии, Драган Тевдовски заедно со гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска- Бежоска.

Ваквиот дијалог, како што истакна Тевдовски, нè подготвува за идно учество во координацијата на економската политика на ЕУ.

„За да напредува економијата, потребни се повеќе реформи, меѓу кои и водење здрава фискална политика. Досега се преземени голем број активности и мерки. Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 е усвоена во декември 2017 година. Со реализацијата се зајакнува системот на јавни финансии, се унапредува транспарентноста, одговорноста, фискалната дисциплина и ефикасноста во управувањето со јавните ресурси.

Новиот Закон за буџети кој се очекува да биде усвоен до крајот на оваа година и ќе ги опфати сите реформи во насока на зајакнување на фискалната рамка“.

Министерот Тевдовски ја потврди проекцијата на Владата за економски раст од 3,2 отсто. Тоа е во согласност со ревидираната проекција на Европската комисија и Народната банка.

– За прв пат по 10 години Владата и Министерството за финансии навремено ја усвои Фискалната стратегија. Стратегијата ги вклучува и препораките на ММФ и Европската Унија, истакна министерот за финансии Тевдовски.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво