Соседите побогати од нас, во Србија живеат 90 мултимилионери

Од:

Наспроти македонските 35 мултимилионери, во соседна Србија живеат 90 исти или слични такви. Со оваа бројка таа се најде на 29-то место на листата на европски земји, според бројот на своите граѓани кои имаат имот вреден над 11 милијарди долари.

На листата од вкупно 45 европски земји, се евидентирани вкупно 53.441 мултимилионери, 1,9 % помалку од минатата година.

Албанија се најде на 37-то место со своите 55 мултимилионери, многу повеќе од Словачка, Кипар, Бугарија и Естонија.

Анализата на компанијата „Wealth X“ која ги анализираше и светските богаташи, од европските земји за најголема татковина на мултимилионерите ја посочи Германија со 15.770 од нив, чие вкупно богатство изнесува 2,050 милијарди долари.

Русија се најде на деветто место и има 1.145 мултимилионери чие вкупно богатство изнесува 605 милијарди долари.

Според оваа анализа бројот на мултимилионери во свотот годинава се зголемил за 0,6 проценти.

 

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата