Сорокин: Земјите-членки на ОПЕК плус не можат сами да го стабилизираат пазарот

Од:

Земјите-учеснички во неформалниот сојуз ОПЕК плус не можат сами да го стабилизираат пазарот на нафта и затоа треба што повеќе држави да учествуваат во тој процес, изјави рускиот заменик-министер за енергетика Павел Сорокин во обрајќањето на Меѓународниот дебатен клуб Валдаи.

– Сметаме дека за балансирање на пазарот на нафта, потребни се, не само активностите на земјите-членки на ОПЕК плус. Ако дисбалансот е проблем на глобалниот пазар, тогаш за негово доведување во рамнотежа би требало да учествуваат што е можно повеќе земји. На крај пазарните механизми сами ќе воспостават ред, но прашањето е колку во меѓувреме сите ќе изгубат, посочи Сорокин.

Тој на овој начин одговори на прашањето на еден од учесниците на собирот – дали е можно заедно со САД да се постигне договорт за намалување на производството на нафта.

Би можело да ве интересира

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца