Солидарност и Ленка: Работниците во Дрекслмаер се жртви на странските инвестиции

Од:

Движењето за социјална правда – Ленка и Левичарското движење – Солидарност за утре 24. мај најавуваат прес конференција пред фабриката за поддршка на работиниците.

Ситуацијата во оваа фабрика е само уште еден доказ дека во услови на капитализам најчестите жртви на фамозните странски инвестиции се работниците и нивните семејства кои што се оставени на немилост од нашата држава и од нејзините нституции. Државата денес ги штити интересите на капиталот и на сопствениците, а сè повеќе го угнетува сопствениот народ. Дури и по цена на модерно ропство.

Вработените во фабриката Дрекслмаер покрај тоа што работат со максимално, полночасовно време, а неретко и повеќе од тоа, примаат минимален надомест за нивниот труд. Вработените во оваа фабрика работат во тешки услови и соочени се со силни психолошки, но и со физички притисоци од раководството на фабриката. Институциите, како по обичај, ги нема. Тие се активираат само кога треба да застанат на страната на работодавачите.

Работниците во Дрекслмаер работат прекувремено, за време на празници и во тешки услови, а за нивниот труд не добиваат соодветен надомест, толку колку што им следува и колку што впрочем, е загарантирано со закон! Нивниот обид за спротивставување за тешките работни услови преку нивното основно право на штрајк, беше пресретнат од раководството на фабриката со реваншизам, заплашување и со спроведување на низа колективни отпуштања. Но, и со директни закани кон останатите вработени.

Затоа, остро им порачуваме, како на работодавците така и на Владата на Република Македонија, дека работниците нема да ги оставиме на нивната милост и немилост! На работниците во Дрекслмаер им изразуваме поддршка, која се надеваме, ќе им се влее храброст да не потклекнат на притисоците и да продолжат организирано да го изразат револтот кон управувачката и сопственичка класа на фабриката.

Би можело да ве интересира

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Запалени возило, трактор и гаража во Кавадарци

Горан Наумовски

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов

Група млади кавадарчани физички нападнале семејство во Марена

А1он

Кавадарци со низа препораки по најавените екстремно ниски температури

А1он

Приведен кавадарчанец: Излетал од патот додека превезувал мигранти при што загинало едно лице

А1он