Сојузот на стопански комори ќе добие тројца нови потпретседатели

Од:

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија м-р Трајан Ангелоски утврди предлог до Управниот Одбор за избор на нови потпретседатели на Сојузот, м-р Горан Ѓорѓиевски претседател на Агро-бизнис комора, проф. д-р Орце Симов, претседател на ИКТ Комора и д-р Тања Дејаноска претседател на Комора за приватно здравство.

Измените во раководните структури се дел од поширок процес на реформски активности за внатрешно реорганизирање и зајакнување на капацитетите на Сојузот со цел следење на современите трендови и текови на делување, во насока на подобро застапување на интересите на членовите и остварување на нивните потреби за раст и развој на бизнисите. Новите потпретседатели се истакнати и докажани бизнисмени и претприемачи кои преку нови и свежи идеи ќе дадат значаен инпут во планирањето и спроведувањето на новите активности, соопштува Сојузот на стопански комори.

Тројцата нови потпретседателите доаѓаат на местото на досегашните Драган Митковски, Александра Андреева, Ивица Јаќимовски и Владимир Граматиков чиј мандат се прекинува.

Сојузот на стопански комори на Македонија е најголема деловна организација која ги промовира и застапува интересите на сите стопански субјекти кои се негови членови. Покрај големите компании, а имајќи го предвид фактот дека малите и средни претпријатија се движечка сила на секоја економија и дека нивниот развој, долгорочно гледано, води кон јакнење на целокупната економија, ССК во своето делување посебен акцент става на развој и поддршка на малите и средни претпријатија. Сојузот овозможува застапување, пристап до информации, бази на податоци, едукација, правни совети, помага во идентификување на нови деловни партнери, овозможува настапи на саеми, обезбедува информации за извори на финансирање.

Би можело да ве интересира

ССК: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Македонски Квалитет 2023 : Македонските успешни компании се нашите најдобрите амбасадори

А1он

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ѓорѓиевски: Да им се помогне на земјоделците за пченицата, производната цена е двојно повисока од пазарната

Сојузот на Стопански комори на Македонија и Македонска берза АД заеднички го поддржуваат бизнис секторот со инвестициски проекти

Ана Ололовска