Со третиот квартал македонската економија со раст од 0,2 проценти

Од:

Македонската економија во третиот квартал годинава забележа раст од 0,2 проценти, по два последователни квартали во кои беше забележан пад на Бруто домашниот производ.

Според податоците на Државниот завод за статистика во третиот квартал од годинава е забележан пораст во повеќе сектори, а најголем кај градежништвото за 16,7 проценти, сообраќајот, складирањето и врските за 2,3 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на  домаќинствата, во однос на третиот квартал од 2011 година номинално расте за 0,3 отсто, а нејзиното учество во  структурата на бруто-домашниот производ изнесува 73,5 проценти.

Во овој период, извозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 6,2 отсто, а увозот на  стоки и услуги номинално опадна за 3,5 отсто.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика во вториот квартал БДП имаше пад од 0,9 проценти, а во вториот од 0,7 отсто.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски

Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот

Ана Ололовска