Со новиот Предлог закон за игри на среќа државата губи 30 болници годишно

Од:

Измените на Законот за игри на среќа кои беа усвоени на седница на Владата, а со кои се предвидува минимално растојание од 500 метри меѓу објектите каде што се приредуваат игрите на среќа и образовните установи, ќе доведат до повеќекратни штетни последици не само за вработените во оваа индустријата, но и за државниот буџет, кој со оваа одлука би се намалил за 280 милиони евра годишно, колку што приредувачите на игри на среќа уплаќаат во државниот и буџетот на локалните самоуправи. Од овие пари годишно би можеле да се изградат 30 болници или 300 градинки или 200 училишта.

Доколку новиот предлог-закон стапи на сила, покрај загубата во државниот буџет, повеќе од 10.000 лица директно и 54.000 лица индиректно ќе останат без работа. Новиот закон за игри на среќа неминовно би довел до процветување на црниот пазар, каде што нема можност за заштита на играчи или малолетници. Под изговор за заштита на интересите на лицата помлади од 18 години, со воведување на задолжително растојание од 500 метри меѓу овие објекти и образовните установи, всушност децата индиректно се туркаат на незаконски обложувања кои не би биле регулирани, а со тоа и достапни за нив.

Со донесувањето на новиот закон, компаниите од оваа стопанска гранка би исчезнале од картата на Северна Македонија, дури 92 проценти од објектите ќе останат затворени, што би оставило несогледливи последици за целата држава и општество. Ограничувањето на правото на работа преку налудничави законски одредби би довело до повреда на регулативата за заштита на странскиот капитал и правата на инвеститорите и директна штета на државата Северна Македонија, која би требало да плати отштета од неколку стотици милиони евра.

Со спречување на легално спортско обложување, тоа би ги пренасочило играчите да бараат алтернатива, така што индустријата би се префрлила на нелегални локации, па државата нема да има контрола врз приливот на пари, како и врз безбедноста на играчите. Пример за тоа е Албанија, која пред четири години го забрани спортското обложување, што доведе само до чести апсења за нелегално обложување. Поучени од негативното искуство, албанските власти најавија релегализација на приредувањето на игрите на среќа во првиот квартал од 2023 година. Ниту една европска земја нема таков закон затоа што во пракса е докажано дека не функционира и дека таквите ограничувања имаат спротивен ефект и отвораат простор за нелегален профит и ризик за играчите.

Исто така, во новиот предлог Закон за игрите на среќа повторно е изоставен делот со кој на приредувачите на игри на среќа им се овозможува да приредуваат онлајн обложување, кое е достапно во сите европски земји.

ПР текст

Би можело да ве интересира

АСОМ: Класична злоупотреба на европското знаменце во Законот за игри на среќа

Отворено писмо на „Сакам да работам“ до Пендаровски: Бидете претседател на сите граѓани, не дозволувајте да не избркаат од Македонија

Катерина Ѓуровски

Обложувалниците и казината мора да се селат подалеку од училиштата, донесен е Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Пратениците со ЕУ знаме ќе го затворат најголемиот работодавец во приватниот сектор: Апел до Пендаровски да не го потпише Законот за игри на среќа

Александар Тодески

Пратениците денеска решаваат за гасната централа што ќе ја градат Грци и за Законот за игри на среќа

„Сакам да работам“ до „Антикоцкање“: Дали сакате затворање на легалните објекти затоа што во секторот игри на среќа 90 проценти од вработените се Македонци