Со 1 клик до работа во Македонија, Хрватска, Србија и БиХ

Од:

Ако сте во потрага по нова работа или прво работно искуство, имате големи шанси за успех бидејќи пред вас е првиот регионален онлајн саем за работни места во Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина!

Долго најавуваниот регионален онлајн саем Виртуелни денови за вработување 2019 ќе се одржи од 16. до 23. октомври на веб страната www.denovizavrabotuvanje.mk. Саемот го организира порталот Vrabotuvanje.com.mk во соработка со другите партнерски портали Moj-posao.net од Хрватска, Poslovi.Infostud.com од Србија и Posao.ba од Босна и Херцеговина.

На овогодинешниот саем сите компании и огласи за вработување ќе бидат групирани во пет тематски капсули: Трговија, ИКТ, Финансии, Туризам и Образование.

Тематски капсули

Ова ќе им овозможи на кандидатите полесно да пребаруваат огласи и компании во специфични области кои се релевантни за нив, а освен тоа што ќе можат да аплицираат на отворените позиции, работобарателите ќе можат да стапат во директен контакт со работодавците со помош на опцијата Chat.

Кога станува збор за Македонија, на овогодинешниот саем за вработување по нови вработени ќе тргнат звучни имиња на компании од сферата на телекомуникациите, производството, автомобилската индустрија, трговијата, банкарството, осигурувањето, како и ИТ индустријата.

Виртуелен штанд на компанија

Покрај пребарувањето на работни места, сите учесници на саемот ќе имаат можност подобро да ги запознаат работодавците и директно да комуницираат со претставници од компаниите.

За крај, благодарение на виртуелниот настан Лов на богатство сите посетители ќе имаат шанса да освојат вредни награди.

 

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности

А1он