Сметководителите бараат законски измени за подобри услови за вршење на дејноста и воспоставување ред во фелата

Од:

Сметководството е нервниот систем на економијата, но професионалците кои секојдневно ја вршат оваа работа се во крајно подредена позиција во споредба со колегите од другите интелектуални дејности: ревизори, проценители, адвокати, вештаци, нотари. Потребно е надлежните институции да преземат мерки за подобрување на состојбите во фелата, беше речено на денешната инфо-сесија за покренување дијалог за измени на Законот за вршење сметководствени работи.

Инфо-сесијата ја организира проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, а целта е идентификување на предизвиците со кои се соочуваат сметководствените компании и дефинирање конкретни предлози и решенија за подобрување на регулативата и условите за вршење сметководствената дејност.

– Во една ваква неповолна клима за развојот на професијата за кусо време никој нема да сака да врши сметководствени работи поради дисбалансот на одговорностите и обврските од една страна и наградите кои ги носи професијата од друга страна. Во пракса постои една крајна неизбалансираност измеѓу наметнатите обврски на професијата кои делумно потекнуваат директно од одредени законски решенија, а делумно од практичната примена на законски одредби и правата кои професијата ги има и заштитата која ја добива од оние кои се најголеми корисници на податоците од сметководствените извештаи и од законски формираната институција која треба да ги обедини сметководителите и овластените сметководители и да се грижи за нивните интереси, истакна сметководствениот експерт Благоја Грозданов.

Учесниците на инфо-сесијата нагласија и дека од круцијално значење за целиот економски систем е да се воспостави ред во фелата, зашто, во спротивно, податоците од финансиските извештаи ќе бидат со низок квалитет, а ќе се зголемат условите за даночната евазија и сивата економија.

Според нив, со конкретните решенија предложени од сметководствените компании значајно може да се подобрат условите за работа во овој сектор, а предлозите ќе бидат доставени до надлежните органи преку Платформата за јавно-приватен дијалог, .

Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива го спроведуваат Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанската комора на северозападна Македонија. Имплементатор е ЕПИ ЦЕНТАР, со поддршка на УСАИД.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен новиот закон за сметководствени работи, подигнување на капацитетите и стручната подготвеност на сметководителите

И танц-клубовите на протест, бараат укинување на забраната за нивна работа

Ана Ололовска

Од утре и сметководителите на протест, ќе им се придружат на туристичко-угостителските работници

Ана Ололовска

Бесими на средба со сметководителите: Заеднички ќе работиме на нов закон што ќе ја унапреди сметководствената професија

Катерина Ѓуровски

Бектеши: сметководителите и не биле толку погодени од пандемијата, нема пролонгирање на рокот за завршните сметки

Маја Илиевска-Пачемска

Сметководителите под стрес оти Владата не попушта и не го продолжува рокот за поднесување завршни сметки

Маја Илиевска-Пачемска