МФ: Усвоен новиот закон за сметководствени работи, подигнување на капацитетите и стручната подготвеност на сметководителите

Од:

Подигнување на капацитетите и стручната подготвеност на сметководителите се клучните промени кои ги содржи Законот за сметководствени работи, што го усвои Собранието на РС Македонија. На законското решение работеше Министерството за финансии низ инклузивен процес заедно со засегнатите страни, со цел да се воспостави и спроведат професионални стандарди во сметководствената професија и заштита на јавниот интерес.

dobivaj vesti na viber

Со Законот за сметководствени работи, сметководителите и овластените сметководители ќе имаат обврска за задолжителна професионална едукација и почитување на општоприфатените етички принципи на професијата. Ќе имаат обврска задолжително да полагаат испит за влегување во професијата, како и зголемување на бројот на часовите за континуирано професионално усовршување (КПУ). Правото на вршење сметководствени услуги ќе се стекнува само со исполнување на критериумите дефинирани со Законот. Лицата што вршат сметководствени работи ќе имаат законска одговорност во поглед на правилното водење на сметководството, и обврска со потпис да ја потврдат точноста на годишната сметка и на финансиските извештаи, како и нивната усогласеност со законските одредби.

Надзор над сметководствената професија ќе врши самостојно и независно тело, односно Совет за унапредување и надзор на сметководствената професија на РС Македонија кој ќе обезбеди соодветно применување на сите принципи за спроведување на обуките за КПУ, истовремено грижејќи се за континуираниот раст и развој на целокупната сметководствена фела, сè до обезбедување гарантирано имплементирање на сите потребни мерки за примена на меѓународните сметководствени стандарди.

Институтот за вршење сметководствени работи со новиот Закон се дефинира како правно лице со јавни овластувања, во рамки на кој ќе се воспостават органи на управување и акти за работење. Институтот во континуитет ќе има обврска да ги преведува меѓународните стандарди за финансиско известување и да ги исполни потребните стандарди за влез на Институтот во IFAC.

Дополнително, со Законот се овозможува влез на нови правни субјекти на пазарот на организирање обуки за вршење сметководствени услуги. Имено, континуираното професионално усовршување ќе го спроведуваат правни лица кои даваат услуги за советување и едукација од областа на сметководството, финансиите, даноците, корпоративното право и работните односи и кои за да вршат континуирана едукација ќе мора да имаат одобрение од Институтот. По влезот на РС Македонија во ЕУ се дава можност сметководствените услуги во Република Северна Македонија да ги даваат странски физички и правни лица, со што Законот се усогласува со европската директива за услуги.

Законот се заснова врз начелата за непристрасност, независност, транспарентност, стручност, професионалност и законитост при вршењето сметководствени работи.

Би можело да ве интересира

И танц-клубовите на протест, бараат укинување на забраната за нивна работа

Ана Ололовска

Од утре и сметководителите на протест, ќе им се придружат на туристичко-угостителските работници

Ана Ололовска

Бесими на средба со сметководителите: Заеднички ќе работиме на нов закон што ќе ја унапреди сметководствената професија

Катерина Павлова-Николовска

Бектеши: сметководителите и не биле толку погодени од пандемијата, нема пролонгирање на рокот за завршните сметки

Маја Илиевска-Пачемска

Сметководителите под стрес оти Владата не попушта и не го продолжува рокот за поднесување завршни сметки

Маја Илиевска-Пачемска

Ако не се пролонгираат роковите, ќе добиеме искривена слика за целата економија, предупредија сметководителите

Ана Ололовска