Сметководителите бараат повлекување на измените за сметководствени услуги и итна средба со министерот за финансии

Од:

Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори бара повлекување на измените на Законот за вршење на сметководствени работи кои се во собраниска процедура и носење на сосема нов закон. Бараат итна средба со министерт за финансии и претставници на Секторот за финансиски систем.

Од Комората на сметководители денеска на прес-конференција оценија дека предложените законски измени се дискриминирачки и дополнително ја загрозуваат професијата. Реагираат бидејќи измените предвидуваат слободен влез во професијата за странски државјани од земјите членки на Европската економска заедница и се дискриминираат домашните сметковидители кои го имаат немаат ова право интернационално.

Според Андреева, член на управниот одбор на комората и покрај континуираните апели за потребата на унапредување на професијата, Секторот за финансиски систем продолжува самостојно да постапува.

– Наместо повлекување на предлог-измените на Законот за вршење на сметководствени работи од собраниска процедура и конечно формирање на работна група за креирање на ново законско решение, Предлог-законот е ставен на дневен ред на 34 седница закажана на 16 февруари и тоа со европско знаменце со што се забрзува постапката за негово донесување, изјави Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората.

Додава дека со предложените законски измени меѓу другото се предвидува и слободен влез на странски државјани во професијата за што ЕУ не бара усогласување.

– Нагласуваме дека ЕУ не бара вакво усогласување, што значи дека со оваа манипулација во законското решение само се прави упад на пазарот на даватели на сметководствени услуги од странство и се дискриминираат и загрозуваат сметководителите во земјава кои истото право не можат да го остваруваат интернационално. Со законските измени се даваат и рокови за превод за сметководствените стандарди, активност која не може квалитетно да се заврши се додека имаме Институт на сметководители и овластени сметководители, кој го води претседател кој речиси три години е во оставка и органите на управување се со истечен мандат, рече Андреева.

Комората на сметководители, која извесен период бара и прологирање на роковите за годишни сметки и финансиски извештаи, своите барања ги има доставено до пратеничките групи во Собранието надевајќи се дека тие ќе иницираат измени на Законот за трговски друштва.

-Комората на сметководители ги достави своите барања во вид на амандмански измени до пратеничките групи во Собранието се надеваме дека барем пратениците ќе имаат разбирање и ќе излезат во пресрет на доставените барања, и ќе иницираат дополнување на измените во Законот за трговски друштва кое е во фаза на прво читање во собраниска процедура со што ќе ја исправат грешката и неправдата што ни беше нанесена на исте сметководители од страна на министерствто за економија и секторот за финансии, рече Благоја Грозданов, член на управниот одбор на комората за сметкововдители.

Од комората најавија радикални мерки доколку не се остварат нивните барања.

Претходно нивното барање беше одбиено од страна на надлежните институции. Поради пандемијата и отежнатите услови за работа, сметководителите бараат одлагање на роковите до 30.04 во хартиена форма и до 15.05 во електронска форма.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен новиот закон за сметководствени работи, подигнување на капацитетите и стручната подготвеност на сметководителите

Сметководителите повторно бараат продолжување на рокот за финансиските извештаи до 31 март, се жалат и на УЈП

И танц-клубовите на протест, бараат укинување на забраната за нивна работа

Ана Ололовска

Од утре и сметководителите на протест, ќе им се придружат на туристичко-угостителските работници

Ана Ололовска

Бесими на средба со сметководителите: Заеднички ќе работиме на нов закон што ќе ја унапреди сметководствената професија

Катерина Ѓуровски

Бектеши: сметководителите и не биле толку погодени од пандемијата, нема пролонгирање на рокот за завршните сметки

Маја Илиевска-Пачемска