Сметководителите бараат Министертсвото за економија да ја преиспита одлуката околу роковите за завршните сметки

Од:

Одредени структури во Министерството за финансии и натаму, крајно посветено и пожртвувано се залагаат за уништување на крвотокот кој е единствената врска меѓу државата и стопанството, обвини денеска Комората на сметководители и побара Министерството за економија да ја преиспита одлуката според која не може да се пролонгираат роковите за поднесување на финаниските извештаи и завршните сметки.

Комората апелира Министерството да го исполни јавно даденото ветување дека ќе се најде решение за овој проблем.

Сметководителите на прес-конфернција укажаа дека бараат рокот за хартиени годишни сметки да биде до 30 април, а за електронски до 15 мај. Се надеваат, како што рекоа, дека нема да има потреба да преземаат порадикални чекори, но какво ќе биде нивното натамошно делување ќе зависи од одговорот на институциите.

-Министерството деновиве ни одговори дека не е можно пролонгирањето на роковите зашто ќе биде нарушен квалитетот на статистичките извештаи поврзани со ЕУ. Најитно бараме да ја преиспита ваквата одлука. Во дописот се вели и дека барањето за пролонгирање на роковите не може да се оствари поради обврска за запазување рок за јавно објавување и доставување за надлежни институции во ЕУ. За какви рокови зборуваме кога земјите членки на ЕУ имаат подолги рокови? Во Хрватска рокот е до 31 март, во Германија до 30 јуни, а во Франција и Шведска до 31 јули. Микрофимрите во Германија за 2019 година уште ги немаат поднесено завршните сметки, истакна претседателот на Комората на сметководители, Драган Митковски.

Според него, иако министерот за економија јавно најави повлекување на Законот и решавање на проблемот, до Комората пристигнал одговор дека роковите нема да бидат проодлжени.

-За каков квалитет на статистички податоци зборуваме кога немајќи доволно време за изработка, фокусот на сметководителите ќе биде ставен исклучиво на запазување на ригидните и кратки рокови. Со тоа се доведува во прашање анализата и веродостојноста на податоците, а со тоа, пак, ќе се доведат во загрозена ситуација и сите претпријатија кои поеднакво одговараат во овие извештаи, посочи Митковски.

Поради кризата, додаде, сметководителите имаат драстично зголемен обем на работа, а човечките и временските ресурси им се намалени. Дополнително, на нивен грб падна и целиот товар од претходните мерки.

Александра Андреева која е член на УО на Комората на сметководители рече дека „одредни структури во министерствата за економија и за финансии со своето неработење создаваат хаос кај сметквоодителите и фирмите“.

Би можело да ве интересира

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”