Сметките за топлинска енергија отсега достапни и во електронска форма

Од:

Компанијата за снабдување со топлина Балкан енерџи, воведе нова услуга „е-фактура“ со која сметките за потрошена топлинска енергија ќе може да се добиваат по електронска пошта.

Според комапнијата со користење на оваа услуга потрошувачите добиваат поголема можност за контрола на добивањето, плаќањето и електронското архивирање на фактурите. Со неа, појаснуваат, корисниците на услугите на Снабдување со топлина Балкан енерџи ќе бидат сигурни дека секогаш навремено ќе ги добиваат фактурите за топлинска енергија и ќе имаат можност навреме да ги платат, со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање.

Од компанијата посочуват дека  одговорна компанија, во континуитет сите свои активности ги реализира според принципите за општествена одговорност и грижа за животната средина.

– Компанијата работи на подобрување на квалитетот на услугата што е во интерес на потрошувачите, но и во интерес на подобрување на квалитетот на животната средина во Скопје“, велат од Снабдување со топлина Балкан енерџи.

Услугата е достапна за сите корисници кои ќе пополнат, потпишат и достават формулар-барање директно во најблиската подружница. Формуларот може да се најде на интернет страницата на Снабдување со топлина Балкан енерџи http://beg-snabduvanje.com.mk или во сите подружници на Снабдување со топлина Балкан енерџи.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов