Словенија ќе ги намалува привилегираните пензии

Од:

Новата Влада на Јанез Јанша повторно ќе ја почне процедурата за внесување промени во пензискиот систем.

Анрдеј Визјак, словенечкиот министер за труд, семејство и социјални прашања, потврди денеска дека Владата планира нов пензиски закон, кој во Парламентот ќе биде увоен до крајот на следната година.

Иако Словенците гласаа на референдум против пензиските реформи, со кои се предвидуваат построги услови за пензионирање и продолжување на возраста за заминување во пензија на 65 години, словенечката Влада се подготвува за нови промени во пензискиот систем затоа што едногодишниот рок од референдумот истече.

Визјак откри дека некои од ставките во законот отфрлен на рефереднумот, се добри решенија и постои можност тие повторно ќе бидат предложени.

Една од целите на реформите е продолжување на возраста за заминување во пензија и намалување на големиот број привилегирани пензии, кои го претоваруваат пензискиот фонд и државниот буџет.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски