Скоро 90 отсто од рестораните во Њујорк не можеле да ја платат киријата за август

Од:

Скоро 90 отсто од баровите и рестораните во Њујорк не можеа да ја платат киријата за август, пренесува Њујорк пост.

Во новата студија направена од „NYC Hospitality Alliance“, осумдесет и седум отсто од баровите, рестораните, ноќните клубови и другите објекти за организирање на јавни настани од пет општини, не биле во можност да ја платат августовската кирија, според податоците објавени од 457 анкетирани бизниси.

Угостителите бараат намалување на кириите бидејќи како што истакнуваат тие ситуацијата е многу влошена по појавата на пандемијата со Ковид-19.

Според студијата, само 12,9 отсто од сопствениците на рестораните можеле да ги покријат целосните трошоци.

Во градот од коронавирус досега се заразиле вкупно 245.000, во последните 24 часа бројката на заразени е над 400 лица.

Вкупниот број на починати од коронавирус изнесува 23.777, а во последното деноноќие животот го загубиле шестмина.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД